Црна хроника
Една жртва на железничка несреќа кај Велес
Необезбедениот железнички премин кај село Ногаевци зема уште една жртва, откако во тешка железничка несреќа што се случи во петокот претпладне животот го загуби кратовчанецот Борче Ј.
Жртвата управувала камион на градежното претпријатие „Гранит“ кој бил натоварен со материјали потребни за изградба на мостот кај Ногаевци. Во критичниот момент возачот на камионот не го забележал возот кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје. Возот директно удрил во него, а возачот починал на самото место. На местото на несреќата излегоа истражен судија и полиција.
„Возилото е тотално уништено. Тешко е оштетена и локомотивата и првиот вагон. Камионот, иако бил полн, ударот бил многу силен, па затоа делови од материјалот има на железничкиот премин кој во голема мера е уништен“, рече Бојанчо Донев, истражен судија.
Трагедијата го попречи железничкиот сообраќај, но работници на Македонски железници работат на отстранување на градежниот материјал кој ја оштетил и железничката линија./крај/ли/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

