Црна хроника
Албански државјани уапсени со дроги во Ријека и во Атина
Во грчката престолнина Атина во саботата е уапсен 34 годишен албански државјанин кај кого се пронајдени 20 кгр хероин, додека во хрватскиот присатнишен град Ријека е уапсен негов 25-годишне сонародник со 10 килограми марихуана.
Атинската полиција за приведениот државјанин на Албанија поднела обвинување за поседување и шверц на хероин, кокаин и марихуана, откако ја пребарала куќата во којашто живеел каде што ја чувал дрогата.
Во полициската акција биле откриени 20 килограми хероин, 203 грама кокаин, околу 900 грама марихуана и 2,4 килограма супстанца којашто се користи за мешање на хероинот, во вкупна вредност од околу милион евра.
Покрај дрогата, атинската полиција во куќата на албанскиот имигрант открила и автоматска пушка со придушувач, три пиштола, исто така, со придушувачи, 700 парчиња куршуми со различни калибри.
Грчката полиција трага поп уште неколкумина соработници на уапсениот, исто така албански државјани, за кои постои сомневање дека ја криумчареле дрогата од Албанија во Грција. Меѓутоа, нема информација дали дрогата била наменета за грчкиот нарко пазар или требало да биде транспортирана во некоја од западните земји.
Медиумите потсетуваат дека пред извесно време грчката полиција во градот Калитеа уапси албански државјанин откако кај него биле пронајдени 18 килограми хероин, 450 грама кокаин, 6 килограми марихуана, и околу 5 кила материја за мешање на дрогите, два „калашникова“ и еден пиштол. Меѓутоа, уште не е познато дали станува збор за лица од иста нарко мрежа.
Во саботата, пак, хрватската полиција во Ријека уапсила 25-годишен албански државјанин при обид да прошверцува 19 пакети со вкупно 9,6 килограми марихуана со илегално минување на границата. Кај него била пронајдена мапа на ријечкиот крај со означени места за преминување на границата.
Хрватската полиција соопшти дека ја продолжува истрагата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

