Црна хроника
Трипати го застрелал поради вербална расправија
Дваесетгодишник во Скопје во средата со три куршума застрелал сограѓанин со кого претходно имал караница.
Инцидентот се случил во саботата навечер околу 19 часот на улицата „Ѓорѓи Поп Христов“, а ранетиот е хоспитализиран во Градската општа болница Скопје, со три рани од огнено оружје, но е надвор од животна опасност.
Како што известува Министерството за внатрешни работи, по добиените информации од полициската станица Чаир на чијашто територија се одиграл инцидентот, синоќа триесетгодишник со иницијали Ј.Е. и една година помладиот Т.В додека се шетале се сретнале со лице за коешто го знаеле само по прекарот Ѕуки. Со кого претходно во саботата Ј.Е. имал вербална расправија.
Неидентификуваниот чија возраст се проценува на околу 20 години, извадил пиштол за да ги расчисти сметките со Ј.Е по нивната караница и почнал да пука. Нападнатиот почнал да бега, но од седум до осумте истрели што ги упатил кон него напаѓачот, три го погодиле, од што се здобил со две устрелни рани во потколеницата и во задникот и една прострелна во задникот.
Од полициската станица Чаир се преземаат мерки за приведување на напаѓачот./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

