Црна хроника
Почна маратонското судење за „Калдрма“
Со распит на обвинетите, во понеделник, почна најголемиот судски процес во Македонија „Калдрма“, односно продолжение на „Змиско око“, во кој им се суди на 87 вработени на патарините.
Роднини на обвинетите од сите градови во Македонија стигнаа во судот за да ги видат своите најблиски кои во понеделникот седнаа на обвинителна клупа.
Големата судница во Врховниот суд беше претесна за да ги собере сите роднини, па дел од нив незадоволни останаа пред вратата.
Додека обвинителот читаше дел од обвинителниот акт кој е напишан на 400 страници. еден од обвиниетите стана со цигарите и телефонот во раце за да излезе и да оди во тоалет.
Судијата не го дозволи тоа, го прекори обвинетиот и му рече да седне на неговото место.
Првообвинетиот Ирфан Идризи во својот исказ ги негираше делата за кои се товари и тврдеше дека ниту бил поврзан со групата, ниту, пак, ги знаел дел од припадниците на групата.
Адвокатот Мирослав Вујиќ, судскиот процес го нарече пародија: „Ова е уште поголема пародија од `Змиско око`. Видоа што се случи со овие процеси и повторно продолжуваат со такви маратонски судења“.
Адвокатската на првообвинетиот смета дека нема ниту еден материјален доказ, ниту, пак, фактичката состојба ја потврдува вината на обвинетиот.
По паузата продолжува распитот на останатите обвинети.
Судскиот процес „Калдрма“ е продолжение на полициската акција „Змиско око“, во којшто им се суди на 87 инкасанти од јавното претпријатие „Македонија пат“ за проневера од над два милиони евра.
Според МВР, инкасантите им издавале лажни фискални сметки за возачите кои сами ги изработувале, а во нивните домови МВР пронајде програми за изработка на сметки, принтери, оригинална хартија./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

