Црна хроника
Гатачка измамила три жени
Гатачка измамила три велешанки, земајќи им го накитот со ветување дека од него ќе направи амајлија против болест и за среќа.
Гатачката од три куќи во Велес со измама успеала да земе пет златни прстени,едно златно синџирче и два приврзока.
На оштетените има ветила дека амајлијата ќе им помогне. Првата жена била слепа, па требало да прогледа, на втортата и’ ветила дека ќе му помогне на болното дете, а третата амајлија требало да и’ ги реши брачните и фамилијарните проблеми на една од оштетените.
Измамите гатачката ги направила годинава во периот од јануари до јуни. Откако полицијата ја пронашла една од оштетените ја препознала како извршител на кривичните дела, во понеделникот СВР Велес до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријата против 31-годишната лажна гатачка за измама. Таа и досега била пријавувана за дела против имотот.
Меѓутоа од гатањето кривична пријава заработи и една од трите оштетени жени. Затоа што откако увидела дека е измамена, стравувајки од реакцијата на сопругот лажно пријавила разбојништво во продавницата каде таа работела како продавачка. На полицијата и кажала дека непознато лице со нож и се заканил и од неа одземал златен накит и 4.000 денари. Пред судот ќе одговара за лажно пријавување на кривично дело./крај/лисица/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

