Црна хроника
Кривична за девојка што го подметнала пожарот во Струмица
Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против лицето Е.М (24) од Струмица, поради основано сомнение дека сторила кривично дело `Предизвикување општа опасност`.
Пријавената завчера меѓу 11 и 12 часот на ул.„Бошко Буха“ во Струмица на околу 50 метри од последните куќи во кои и таа живеела, запалила стари алишта кои биле непосредно под еден жбун, при што предизвикала пожар од поголеми размери на место викано „Ч,млк“ над градот Струмица.
Во текот на гасењето на пожарот од страна на надлежните институции, на околу 200-300 метри од завршетокот на ул .„Крушевска Република“ на шумска патека во правец на место викано „двата пата“ со изгореници се здобиле 14 лица кои во понеделникот вечер беа пренесени во Медицински центар Струмица.
По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Струмица, а заради карактерот а повредите и тоа висок степен на изгореници и акутно белодробно откажување и животна опасност, во Градска болница Скопје – Центар за опекотини, се пренесени лицата П.С. (45) и Б.С (50) од село Рич и двајцата вработени во „Беласица“ кои вчера им подлегнаа на повредите здобиени при обидот да се угасне пожарот.
На понатамошно лекување во Градската болница Скопје – Центар за изгореници остануваат М.Г (30) од Струмица, В.Г (54) од с.Вељуса и двајцата вработени во „Беласица„ како и И.Д (15) од Струмица.
Од останатите повредени лица кои здобиле изгореници и кои беа згрижени во Медицински центар Струмица, пет лица се пуштени на домашно лекување а останати четворица се уште се на лекување во Медицински центар Струмица./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

