Црна хроника
Повторно активен пожарот во Струмица, се приближува кон куќите
Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека пожарот над Струмица, што однесе два живота, во среда е повторно активен, а се заканува да ги зафати куќите.
„Ве известуваме дека се појави пожар на 25. 07 2012 во 12. 40 часот, на локација Двата пата во близина на пожарот кој се случи на 23. 07 2012 година“, стои во соопштението од ДСЗ.
Веднаш биле активирани екипи на теренската противпожарна единица, на ЈП „Македонски Шуми“ и од ЈП „Комуналец“ од општината кои веќе два дена дежураат на овој терен.
Новиот пожар е на многу непристапен терен, гори борова шума, и постои опасност од негово нагло проширување и спуштање кон градот.
Исто така, поради опасноста пожарот да се пришири на населени места каде што живее население.
Од Дирекцијата за заштита и спасување, побарано е да бидат ставени во акција противпожарните авиони AT-802 A Fire Boss.
Противпожараните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување AT-802 A Fire Boss, се ставени во дејство на терен од 13.15 часот, а на опожарениот терен ќе почнат да гасат во 13.45 мин.
За дополнителни активности од ДСЗ најавија информации за подоцна./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

