Црна хроника
Кражба на девизи од куќа во Демир Хисар и од автомобил во Скопје
Арамија украл околу 32.000 евра, 11.000 австралиски долари и 70.000 денари од куќа во Демир Хисар.
Како што соопшти полицијата, крадецот во вторник во периодот меѓу 07,00 до 11,00 часот во помошната просторија од куќата сопственост на Н.Б., го искршил стаклото од прозорецот, влегол внатре и ги украл парите.
Во друга кражба во Скопје, крадец од паркирано возило „мазда“со швајцарска национална ознака, при одзел две женски ташни во кои имало: 3.000 швајцарски франци, 3.200,00 денари, возачка дозвола, шест картички за здраствено осигурување, две картички од Кантонал банка, една патна исправа на име А.А., лична карта на име Х.А., персонална картица и др.ситни предмети, со што се стекнал со противправна имотна корист од 180.000 денари.
Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што со употреба на погоден предмет го искршил стаклото од предната десна врата, со протнување на рака ги одзел ташните кои биле оставени до предното десно седиште и се упатил во непознат правец.
И во двата случаја полицијата трага по сторителите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

