Црна хроника
Притвор за дел од приведените за убиството на Тушевски
Четворица од приведените, осомничени за убиството на Маријан Тушевски и Кире Јанев, добија триесетдневен притвор.
Меѓу притворените е и шефот на обезбедувањето на поранешниот министер за внатрешни работи, Зоран Трајковски, а дел од медиумите пренесуваат дека Бошковски кој моментално е во затвор за друго дело добил 30-дневен притвор и за ова дело и дека ќе биде префрлен од затворот „Идризово“ во „Шутка“.
Истражниот судија им одредил притвор и на петмината осомничени кои се во бегство, меѓу кои и Србите кои се осомничени дека се директни извршители на убиството.
„Против тројца обвинети Јавниот обвинител не поднесе предлог за определување на мерка притвор, а против останатите обвинети по нивното сослушување и дадениот исказ пред истражен судија ЈО го повлече предлогот за определување на мерка притвор“ соопштуваат од Судот.
Српските државјани Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ се осомничени дека се директни извршители на двократното убиство, но сега се во бегство.
Бошкоски кој беше министер во 2001 година, кога се случи убиството, неговиот шеф на обезбедувањето Зоран Трајковски, Сашо Јовановски викан Тупан, вработен во секторот за набљудување и следење при МВР и други полициски функционери се осомничени дека знаеле за убиството и го помагале.
Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година. кога излегувале од кафулето „ЗУ“ во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава за директорка на училиште во Делчево, без да спроведе транспарентна постапка извршила набавка
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц. (52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Таа, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.
Црна хроника
Жена нападната од својот сопруг во семејниот дом
Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Ѓ.(38) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за убиство во гостиварско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.З.(63) од с.Церово, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „предизвикување на општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Х.А.(38) од с.Церово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 04.05.2024, по претходна расправија помеѓу пријавените, првопријавениот испукал три куршуми од автоматска пушка, по што бил физички нападнат од второпријавениот.