Црна хроника
На Косово уапсен осомничен во случајот Монструм?
Косовската полиција уапси македонски државјанин за кој се шпекулира дека е поврзан со случајот „Монструм“, односно со петкратното убиство на Смиловското езеро.
Косовскиот весник „Лајме“ повикувајќи се на неофицијални извори, пред два дена пишува дека, македонскиот државјанин бил уапсен во Урошевац.
„Кај уапсеното лице е пронајдена поголема количина на златен накит и две автоматски пушки, калашников“ пишува весникот и додава дека по лицето имало распишана потерница.
Македонската полиција, за информации упатува кај нивните колеги на Косово. Од косовската полиција пак не негираат дека има уапсено македонски државјанин. Но портпаролот на косовската полиција, Баки Келани вели дека не можат да кажат ништо се додека не се утврди за кое кривично дело се сомничи лицето.
Еден од осомничените дека е директен извршител на убиството, Агим Исмаиловиќ се наоѓа во притвор, додека останатите двајца осомничени дека го извршиле петкратното убиство, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се бегство и по нив трага и Интерпол.
Според шпекулациите, тие пребегале на Косово. Се уште не се потврдува дали уапсениот македонски државјанин на Косово е некој од овие двајца осомничени. /крај/лајме/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

