Црна хроника
Каменувани градски автобуси, нападнати возила, претепан патник
Неколку инциденти забележани се во средата вечерта низ скопските улици, во кои биле каменувани градски автобуси, регистриран е случај на претепан патник, а биле нападнати и патнички возило.
Физичкиот напад е регистриран околу 00,45 часот во Скопје, кога во автобус кој се сообраќал на линија 57, на автобуската постојка кај маркетот „Чаирче“ се качиле 15 млади лица и почнале да го навредуваат З.А..Тој се симнал на наредната автобуска станица поточно спроти кино „Бутел“, каде се симнала и групата од млади лица и физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци по телото и главата, по што успеал да избега со неговиот татко.Претходно во периодот од 23,00 до 23,45 часот на бул.„Крсте Мисирков“ поточно кај „Еуро Тулс“, повеќе НН лица извршиле каменување врз автобус на ЈСП, кој сообраќал на линија 50, при што искршени биле неколку прозорци. Освен автобусот, каменувано е патничко возило “Шкода“.Само неколку часа претходно, околу 19,00 часот во Скопје, на крстосница на бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“, поточно кај кривината кај ТЦ-Мавровка, Д.П. додека се движел со „Лада 110“, 7-8 млади лица со шипки почнале да удираат по возилото.Истите се упатиле во правец „Холидеј Ин“ каде почнале да фрлаат камења врз автобус на ЈСП кој сообраќал на линијата 50, по што се упатиле кон Судска палата и каменувале друг автобус сопственост на ЈСП, при што се искршени неколку стакла. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

