Црна хроника
Љубе Бошкоски не дал исказ пред истражен, оти бил многу нервозен
Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски кој се товари дека е вмешан во убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев во 2001, кога бил министер, не дал исказ пред истражниот судија, бидејќи бил многу нервозен и револтиран.
Бошкоски се изреволтирал бидејќи кога го донеле во судот, од затворот „Идризово“, за да даде исказ, истражниот судија не му предочил ниеден доказ против него.
Бошкоски се чудел како може против него да се води кривична постапка за толку тешко кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку десет години до доживотен затвор, а нема докази.
Адвокатот на Бошкоски, Владимир Ракочевиќ во четвртокот поднесе жалба против решението за спроведување на истрага против Бошкоски, бидејќи за ова немало ниту вербални ниту материјални докази.
Ракочевиќ вели дека засега нема предложено заштитен сведок за овој случај и дека ако судијата евентуално предложи тие ќе поднесат жалба.
Јавниот обвинител предложил притвор и за Бошкоски, но истражниот судија не прифатил, бидејќи Бошкоски веќе издржува затворска казна од пет години за нелегално финансирање на кампња и злоупотреба на службена положба.
За убиството на Тушевски и Јанев од пред 11 години се упасени девет лица, од кои на четворица им е одреден притвор. Притвор им е одреден и на уште петмина кои се во бегство. Меѓу оние кои се во бегство има тројца Срби кои се сомничат дека се директни извршители на убиството./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.