Црна хроника
Италијански пензионер се обидел да прошверцува 50 куршуми
Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики во Скопје кај италијански пензионер роден 1930 година, во понеделникот изутрината открија 50 непријавени куршуми со калибар 6,35мм.
Околу 08:00 часот на Аеродромот Александар Велики во Скопје за излез од државата со лет за Цирих се пријавил италијански државјанин. Во тешкиот багаж кој пријавениот го чекирал за летот, при ренгенска контрола од страна на аеродромските служби била забележана сомнителна содржина, по што бил повикан царински службеник. При преглед на торбите, во присуство на пријавениот, во чевел, завиткани во фолија биле пронајдени 50 парчиња муниција. При распитот, пријавениот изјавил дека куршумите ги купил од непознато лице на пазар во Битола, и без знаење на сопругата, инаку македонска државјанка, ги сокрил во торбата, помеѓу останатите алишта. На прашање зошто ги криел куршумите, пријавениот одговори дека не знаел дека треба да ги пријави, а и пазарџиите во Битола му рекле дека може слободно да ги изнесе од Македонија. Поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

