Црна хроника
Тешки кражби низ Македонија, крадат злато и пари
Три тешки кражби биле извршени во понеделник во Гостивар и во Штип, при што се украдени големи количини злато, евра и денари, соопшти МВР.
Од 20 до 23 часот, во понеделник во Гостивар на ул. „Сервет Бајрами“, непознат сторител преку полуотворен прозор влегол во куќата на Л.В.(34) и извршил тешка кражба, од каде одзел ташна во која имало златен накит, во вредност од околу 10.000 до 15.000 евра.
Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за откривање на сторителот.
Дента околу 11.45 часот, во СВР Штип Л.Ј.(54) од Штип пријавил дека во неутврден временски период на ул. „Козјак Планина“ од страна на непознат сторител во нејзиниот дом е извршена тешка кражба и е одземена поголема количина златен накит и 1.000 евра, причинувајќи вкупна материјална штета од околу 354.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

