Црна хроника
Пехчевци превезувале дрва за огрев без документација
Шумската полиција пресретна де возила со вкупно 27 кубици дрва за огрев, како се превезуваат во беровско без соодветна документација, соопшти МВР.
Во петокот околу 19.40 часот, на магистралниот пат Берово-Виница во близина на село Митрашинци, полицијата од Штип заедно со службени лица од Државниот инспекторат за шумарство, како и од Шумската полиција од Берово откри превоз на огревни дрва без соодветна документација.
Притоа, откриени се два камиони марка „Ивеко“ сопственост на правниот субјект „Мато Пех“-ДООЕЛ-од Пехчево кое било натоварено со 14 м3 дабово огревно дрво, и „Мерцедес“ сопственост на правниот субјект „Кика-Дрво“ ДООЕЛ-Русиново, натоварено со 13 м3 дабово огревно дрво.
Двата камиони се спроведени до плацот на ЈП „Македонски шуми“ во подрачната шумска служба „Малешево“- Берово каде од превозниците привремено се одземени возилата, заедно со натоварената дрвна маса, како и документацијата која е поврзана со случајот.
Во врска со тоа извршен е разговор со Д.П.(30) од Пехчево, вработен во ЈП „Македонски Шуми“ -ПШС-„Равна Река“ кој во време на забрана на движење во шума, дозволил дрвната маса да биде обработена и транспортирана на поголема оддалеченост од местото на сеча до местото на настанот.
Во тек се мерки и активности за расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

