Црна хроника
Штитеник од домот „25.Мај“ украл 100.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје и го предаде лицето О.А. (17), штитеник на јавната установа за згрижување на деца без родители „25 Мај“-Скопје, поради сомневање дека во понеделникот извршил тешка кражба во стан.
Малолетникот при кражбата на станот се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари, а Истражен судија на пријавениот веќе му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Имено, вчера околу 12 часот О.А. пристигнал на булеварот 2Партизански одреди“ каде што прво заѕвонил на вратата од станот и кога се уверил дека нема никој во станот, со удар со нога ја отворил влезната врата и влегол внатре.
По извршеното претурање и пребарување по станот, пронашол и одзел златен и сребрен накит, денарски средства и два мобилни телефони.
Вревата што притоа ја направил со обивањето на вратата и со претурањето по станот ја чул сосед на оштетениот кој телефонски го пријавил случајот во Центарот за информирање и команда.
Со брза интервенција на полициски службеници од Единицата за спречување на уличен криминал “Алфа“, пријавениот е затекнат во непосредна близина на местото на настанот, каде е лишен од слобода и приведен во Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода.
По извршениот разговор, како и по претходно преземени мерки и активности е утврдено дека О.А. е можен сторител и на други кривични дела, за што по обезбедување на материјални докази и документирање, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Пријавениот уште како четиринаесет годишник е регистриран сторител на имотни деликти за што досега му се поднесени 44 кривични пријави./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

