Црна хроника
Избеган затвореник уапсен кај Порој

Избеган затвореник од затворот „Идризово“ е уапсен при сообраќајна контрола кај тетовското село Порој.
Станува збор за 35-годишниот Незафет К. од Тетово, кој на 23-ти јули избегал од „Идризово“, каде требало да доиздржи уште 3 години и 10 месеци казна затвор од вкупно 7 години и 10 месеци.
Тој е уапсен откако полицијата во вторникот извршила контрола на патничко возило „опел калибра” со тетовски таблички, во кој се превезувал со 47-годишен жител на Порој. Двајцата се легитимирани и приведени во тетовската полиција, откако е утврдено дека не поседуваат документи за возилото, кое имало лажни регистарски таблички.
Незафет К. во текот на среда ќе биде предаден на службите во „Идризово“. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.