Црна хроника
Дете се повредило во игра со куршум за гасен пиштол

Десетгодишно дете од битолското село Острец се самоповредило додека си играло со куршум за гасен пиштол, којшто го пронашло на улица додека се враќало од училиште.
Повредено дете било префрлено во петокот во 11,15 часот во Клиничката болница-Битола, каде што се констатирани тешки телесни повреди. Детето е задржано на хируршкото одделение.Детето го пронашло куршумот на патот кон дома кога се враќало од училиште. Кога дошол дома го ставил куршумот во дворот на еден каме и почнал да го чука со тесла. Во еден момент капислата се активирала, односно се распрскала чаурата и го повредила на десната потколеница. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.