Црна хроника
Магаш во 1995-та им бил познат на македонските власти
Контроверзниот Љубомир Магаш во евиденцијата на македонското министерство за внатрешни работи бил евидентиран уште во 1995 година, според што морал да биде познат за тогашните власти, односно на СДСМ, пишува во четвртокот агенцијата Нетпрес.
Според извори на агенцијата против Љубомир Периќ Магаш и тројца негови соработници, и неговите соработници Станиша С. од Гнилање, белграѓанецот Дејан Р. и Зоран Н. од Калуѓерица, била поднесена кривична пријава за фалсификување на документи и кражби на луксузни возила.
Тоа е периодот пред да започне шверцот со нафтата, во време кога премиер беше Бранко Црвенковски, а министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски, потсетува Нетрпес.
Агенцијата побарала официјална информација од Министерството за внатрешни работи за тоа дали се водело или, пак, се води постапка или полициско досие за Магаш во Македонија, но поради заштита на личните податоци МВР не можеше да одговори на барањето./крај/нп/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

