Црна хроника
Откриени над 34.000 непријавени ножеви на Богородица
Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за влез на преку 34 илјади непријавени кујнски ножеви 10 илјади батерии и видео касети со ознаки на заштитени трговски марки.
Како што соопшти во петокот Царинската управа, вчера, 13-ти септември, во претпладневните часови, на граничниот премин Богородица за влез во државата се пријавило товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, натоварено со разна стока со потекло од Дубаи, наменета за фирма увозник од Република Македонија. При детална контрола на возилото, царинските службеници открија и привремено задржаа 34.704 разни кујнски ножеви, кои не биле опфатени со приложените документи, како и 9.472 батерии со лого на Panasonik и SONY, и 530 видео касети со лого на SONY, за кои се посомневале дека претставуваат фалсификати на заштитени трговски марки. Против прекршителот ќе биде поведена постапка за утврдување на неговата одговорност, а воедно ќе биде поведена и постапка за докажување на оригиналноста на сомнителната стока. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

