Црна хроника
Сакајќи да прегази пешак, удрил во паркиран автомобил
Шеесет иедно годишниот С.Д. од тетовското село Горно Седларце заработи телесни повреди откако бил удрен и избегнал обид за прегазување од 25-годшниот Б.С., информираат од полицијата.
Настанот се случил во понеделникот околу 14 часот, кога на излегување од мини маркетот „Босс“ С.Д. бил удрен од автомобил „голф“ управуван од Б.С.
При обидот да го прегази, возачот на „голфот“ удрил во паркирано возило „мерцедес“, на чија предна хауба успеал да се фрли С.Д., за да го избегне ударот.
По ова, Б.С. го оставил возилото бидејќи било оштетено и пеш се упатил во непознат правец.
На С.Д. му е укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово, каде се констатирани телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на Б.С. и целосно расчистување на случајот./крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

