Црна хроника
Судење Детонатор: Обвинет тврди дека правел синџирчиња со куршуми
Сите обвинети во случајот „Детонатор“ кои во вторник даваа исказ пред судот, ги негираа обвинувањата за коишто се товарат.
Обвинетиот Тони Лесански, кој работел како професор во виничката гимназија, тврди дека не бил член на криминална група, ниту дека учествувал во некои договори за вршење кривични дела.
Дел од обвинетите кои се од Виница ги познавал, додека за другите рече оти воопшто не ги познавал и дека немал никаков контакт со нив.
Тврди дека воопшто не го познавал и немал никави контакти или расправии со Драганчо Стојменов од Кочани и дека воопшто не учествувал во нарачката на убиството на Стојменов.
Пиштолот што го најде полицијата во неговата куќа, како што раскажа го чувал како трофеј, а куршумите ги купувал од тезги во Бугарија за изработка на синџирчиња, сувенири.
Исказ пред судот даде и братот на Оливер Алексовски, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка. Далибор Алексовски, исто така, ги отфрли сите обвиненија и рече дека освен Симеон Михаилов кој е во бегство, никој друг од обвинетите не познавал.
Го отфрли кривичното дело „перење пари“ и тврдеше дека негов пријател од детството кој бил во Париз му праќал пари преку Вестерн Унион. Првин му пратил 5.000 евра, пари кои претходно Алексовски му ги позајмил, а потоа му пратил уште 3.000 евра за да му уплаќа ливчиња за спортска прогноза во кладилница во Крива Паланка.
Иако во одбраната пред истражниот судија Алекосовски кажал дека знае сé за набавката на покер апарати, за покер апаратите во денешната одбрана тврдеше дека не знае ништо освен дека некој негов пријател од Штип набавувал покер апарати од Чешка преку негова фирма за што имал платено данок.
Овие стотина апарати биле сместени во магацин во Крива Панка, и Алекосвски ги имал видено кога поминувал покрај магацинот.
И обвинетиот Милан Арсов тврдеше дека нема никаква врска со учество во криминална група и дека не е виновен за „изнуда“. Тврдеше дека ниту земал изнуда, ниту ги присилно им земале пари граѓаните.
Тој во неговиот исказ ја спомена агенцијата за обезбедување „Титан груп“, преку која, според обвинението, организаторите на криминалната група со закани и присили им наложувале на лица од Кочани да им исплаќаат надомест за обезбедување на објектите, спротивно на нивната волја.
Арсов рече дека оваа агенција ја обезбедувала летната дискотека „Тропикана“ која ја поседувал од мај до август 2010 година. Во неговата дискотека во Кочани доаѓале двајца обезбедувачи од агенцијата, само кога имало концерти. Им плаќал од 750 до 1.000 денари од вечер, но немал склучено никаков договор со нив. Распитот на обвинетите продолжува. Од вкупно 16 обвинети досега исказ имаат дадено девет лица, а двајца се во бегство.
Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување данок, лихварство, насилство и измама.
Обвинетите се товарат дека трипати се обиделе да го убијат Драганчо Стојменов, двапати со подметнување експлозив под неговиот автомобил, а третиот пат дека првообвинетиот Игор Горански се обидел да го убие со пушка./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

