Црна хроника
Момчето кое беше рането во Ѓорче Петров се бори за живот
Момчето кое утрово заедно со својот татко беше рането на влезот од пазарот во скопската населба „Ѓорче Петров“ се бори за живот, информираат од Градската болница „8-ми Септември“.
Момчето кое било на возраст од 22 до 23 години било донесено во болницата во тешка состојба со проширени зеници, без пулст и обилно крварење, особено на левата препона.
„Направена е реанимација, а со помош на колегите од ’Филип 2’ е направена реконструкција на аортата. Сега во стабилна состојба, но приклучено на апарати“, вели доктор Јасмин Циривири, кој утрово бил дежурен хирург.
Вториот повреден бил надвор од животна опасност, имал излив на црниот дроб и контузии на стомакот, грбот и вратот.
Во инцидентот вкупно се повредени четири лица, таткото и синот и уште две лица од спротивната група.
Инцидентот се случи утрово околу 7 часот, кога настанала вербална расправија меѓу две групи. Еден од нив извадил нож и во тепачката се ранети четири лица, меѓу кои момчето се здобило со најтешки повреди./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

