Црна хроника
Хакери од странство упаднале во јавното наддавање за набавка на возила во МВР
Вкупно 119 различни ИП адреси од повеќе држави од светот ја хакирале веб страницата на Бирото за јавни набавки во последните минути од електронската лицитација за набавка на нови автомобили на полицијата, соопшти МВР.
Единицата за компјутерски криминал ќе изврши дополнителна проверка на корисниците на ИП адреси за ги утврди сторителите на кривичното дело нивно кривично санционирање.
„Шкода Јети“ ќе биде новото полициско возило, „порше“ го доби тендерот за набавка на 150 возила за МВР на повтореното наддавање.
Понудата на „Порше“ беше најниска. Аукцијата на 29-ти август, Бирото за јавни набавки ја поништи аукцијата поради технички пречки во системот.
Компанијата„ Ка-Дис“ која учествуваше со моделот „сеат алтеа фритрек“, тогаш победи, но реагираше „Порше“ Македонија дека биле оневозможени да поднесат нови намалени цени во текот на последните минути од аукцијата./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

