Црна хроника
Банална причина за крвавиот инцидент во „Ѓорче Петров“
Банална била причината за крвавиот инцидент што утрово се случи на пазарчето во скопската населба „Ѓорче Петров“. Потешко ранети се тројца браќа, а не како што претходно соопшти МВР, таткото и синот.
Според информациите од МВР, дваесет идвегодишниот А.Д, сакал да ја прескокне оградата од пазарчето, а лице од обезбедувањето на пазарот му рекло да не прескокнува преку оградата.
И таткото и синот му викале да не ја прескокнува оградата и почнале да се расправаат и да се тепаат. Обезбедувањето ги разделило, но потоа дошле двајцата браќа на А.Д кои ги нападнале таткото и синот. Момчето го удирале со тупаници и клоци по телото.
Таткото и синот извадиле ножеви и ги избоделе браќата. Дваесет идвегодишниот А.Д. го прободеле трипати и со брза помош бил веднаш однесен во градската болница „8-ми Септември“, додека неговиот брат со пет убодни рани на телото бил пренесен на Клиничкиот центар.
Двајцата се во критична состојба, додека третиот брат со полесни повреди бил пренесен во Градската болница „8-ми Септември“ и во текот на денот ќе биде пуштен на домашно лекување.
И таткото побарал лекарска помош во градската болница, но бил со полесни повреди.
Направен е увид на лице место и по расчистувањето на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

