Црна хроника
Инциденти во училиштата- истепани ученици и професор
Со почетокот на учебната година, започнаа и инцидентите во училиштата. Само дваесет дена од почетокот, во училиштата веќе има истепани и ранети ученици, но и нападнат професор.
Пред два дена во кругот на средното училиште „Лазар Танев“ настанала тепачка меѓу шеснаесетгодишниот О.И. од една страна и две други седумнаесетгодишни момчиња. Поради меѓусебна нетрпеливост, шеснаесетгодишникот извадил нож и им се заканувал на другите две момчиња.
Ножот не бил употребен, но момчињата се удирале со тупаници и клоци по телото. Во среда попладнето во средното училиште „Арсени Јовков“ седумнаесетгодишен ученик го истепал професорот бидејќи не ја пуштил да влезе ученичката која доцнела на часот.
Инцидент се случил и во училишниот двор на основното училиште „7-ми Март“. Тепачката настанала кога еден од учениците почнал да му бара пари на негов соученик. Бидејќи не му дал, извадил нож и го прободел соученикот во десната нога.
Истиот ден се случил уште еден инцидент во основното училиште „Панајот Гиновски“, кога група ученици без повод и причина нападнале дванаесетгодишен ученик. Го удирале со тупаници по главата и телото.
Полицијата презема мерки за расчистување на тепачките./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

