Црна хроника
Заштитениот сведок за масакрот кај Смилковци ќе биде сослушан деновиве
Заштитениот сведок на јавното обвинителство кој тврдел дека бил сведок на петкратното убиство на Смилковското езеро деновиве треба да биде сослушан во кривичниот суд.
Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи, за Макфакс вели дека во четврток треба да се знае кога заштитениот сведо Е1 ќе биде сослушан, но тоа треба да се случи деновиве.
Весникот на албански јазик Koha во вторникот излезе со информација дека заштитениот сведок бил жена, што Рауфи не го потврдува и вели дека станува збор за шпекулација.
На сослушувањето на заштитениот сведок јавноста нема да присутвува, во судницата ќе бидат само адвокатите и обвинетите.
Неговиот глас ќе биде мутиран, а ликот заматен, бидејќи овој настан може да го изложи на опасност.
Претходниот заштитен сведок во истрагат за случајот „Монструм“, Хаки Хазири, побара да му го одземат статусот на сведок и сега е осомничен за помагање во тероризам.
Исрагата за овој случај во кој беа убиени четири малди момчиња и еден повозрасен маж на 12 април годинава, треба да заврши до крајот на октомври и да се покрене обвинение.
Алил Демири , Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим се товарат дека се директни извршители на петкратното убиство, а Фејзи Азири и Рами Сејди се осомничени за помагање.
Тројца од осомничените се во притвор, додека Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се во бегство. /крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

