Црна хроника
Двајца од Дебар фатени со арсенал оружје
Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, поднесе кривична пријава против 25-годишниот Ф.Б и неговиот 26-годишен брат Г. Б oд Дебар, поради основано сомение за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
Двајцата пријавени, на 28 септември, движејќи се со возило „Голф“ по регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, во близина на Жировничко Анче, околу 15.30 часот биле запрени од полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор Жировница.
При преглед на нивното возило, пред сoвозачкото седиште пронајдени се три торби во кои се наоѓале четири лимени сандаци со вкупно 2.170 куршуми за автоматска пушка, калибар 7,62 милиметри од кинеско производство, долго зрно.
Г.Б се обидел да избега, додека неговиот помлад брат кој го управувал возилото, сакал да ги фрли торбите покрај патот.
Но, и двајцата осомничени набрзо биле совладани и приведени, а потоа и пренесени во Полициската станица Гостивар.
Со кривичната пријава, во сабота тие беа изведени пред Истражен судија на Основниот суд Гостивар, кој им определи мерка притвор од 48 часа, соопшти МВР./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Кривична пријава и одземени возила на возачи од Охрид: предизвикале сообраќајна несреќа, при тоа имале изречени забрани за возење, а едниот бил пијан
Вчера во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот В.В.М. од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Ј.П. од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот П.Н. од Охрид.
По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Исто така, и Ј.П. има една забрана за управување со моторно возило за „Б“ категорија.
Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на В.В.М. и Ј.П. и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“.
Црна хроника
Жена пријавила дека партнерот ја нападнал и ѝ го одзел телефонот, оштетено и нејзиното возило во Кисела Вода
Вчера околу 20:50 часот, 31-годишна жена пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот партнер Љ.З. во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата, тој ѝ го одзел мобилниот телефон, ја нападнал, ѝ упатил закани користејќи остар предмет, а подоцна и го оштетил нејзиното возило со тврд предмет, додека било паркирано во дворот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

