Црна хроника
Апсења низ Македонија за компјутерски криминал
Повеќе од десет лица од Скопје и од други градови низ Македонија меѓу кои Прилеп и Охрид се уапсени во полициска акција, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
Лицата се сомничат дека се дел од криминална група која се занимавала со компјутерски криминал и вршела кривични дела надвор од Македонија и соработувала со лица од други држави.
Според првичните информации на полицијата, уапсените изработувале фалсификувани картички, краделе пари од терминали. Неофицијално при претресите во домовите кај еден или двајца биле пронајдени и скимери, читачи за податоци, што упатува на тоа дека лицата можно е да краделе пари и од банкомати во Македонија.
Полицијата најавува детали за акцијата, во среда./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

