Црна хроника
Екс-припадник на ОНА пронајден мртов во штипскиот затвор
Ибраим Сулејман, припадник на некогашната ОНА, во средата наутро при редовната утринска проверка е пронајден мртов во својата ќелија во штипскиот затвор, информираат од Управата за извршување на санкции за „Макфакс“.
Затвореникот, роден 1973 во Тетово, утрово бил пронајден починат од затворските служби. Повикана е екипа на Брза помош, МВР, Истражен судија и Основен Јавен обвинител и првичните сознанија се дека се работи за природна смрт.
„Меѓутоа, обвинителот нареди обдукција на телото за да имаме точни податоци која е причината за смртта. Во овој момент зборуваме за природна смрт. Нема знаци на насилство врз телото. Тоа е констатирано од докторите и од Истражниот судија“, изјави Лидија Гавриловска, директор на управата.
По пресуда на скопскиот кривичен суд починатиот одлежувал казна затвор од 15 години за извршени кривични дела, неповрзани со Конфликтот во 2001 година, бидејќи бил опфатен со законот за амнестија. Неговата казна истекувала на 14 октомври 2017 година. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.