Црна хроника
МВР ќе ги едуцира Кумановци да не ја злоупотребуваат визната либерализација
Едукативна работилница на тема – „Стоп за злоупотреба на визната либерализација“ ќе одржи во среда во Куманово регионалниот центар за гранични работи „Север“ при МВР во соработка со Отсекот за превенција при СВР Куманово.
Планирано е настанот да се одржи со почеток во 19 часот во приватен објект, а целта е подигање на јавната свест на целната група – граѓани, Роми од општина Куманово, преку едукација за правилна употреба на безвизното патување.На работилницата присутни ќе бидат претставници на Миграциски сервисни центри – Скопје, кои ќе ги запознаат присутните граѓани за можностите за работа/студирање во странство, односно за легална миграција, како и присуство на претставници од повеќе Невладини ромски организации од Куманово. Исто така на работилницата ќе бидат присутни и претставници на Одделот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Р.Македонија. Сите заинтересирани медиуми може да присуствуваат на работилницата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.