Црна хроника
Прободено 15-годишно момче кај Бит Пазар
Петнаесетгодишно момче било нападнато и прободено, најверојатно со нож во грбот на автобуската постојка, на булевар „Крсте Петков Мисирков“, кај Бит Пазар, соопшти СВР Скопје.
Инцидентот се случил околу 7.30 часот утрово, кога пет, шест непознати лица кои се симнале на постојката од автобус број 50 го нападнале 15-годишниот С.К. и го прободеле со остар предмет, најверојатно нож во пределот на грбот.
Детето е однесено во болница, додека напаѓачите избегале. Полицијата работи на расчистување на случајот.
Во петокот три лица, меѓу кои еден малолетник беа повредени во тепачка што се случила меѓу две групи во автобусот 22 на Јавното сообраќајно претпријатие, пред мосотот „Обединети нации“ во Карпош. За овој инцидент полицијата приведе осум малолетници./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

