Црна хроника
Уапсен познат нарко дилер од Арачиново
Полицијата во вторник утрото уапси познат нарко дилер од Арачиново.
Бил извршен претрес во неговиот дом каде се пронајдени 800 гр. хероин, 30.000 евра, чие потекло не е познато, една вага за мерење на дрогата, 15 куршуми и една рамка, два `мерцедеси` и два `голфа`.
Се работи за 57-годишниот Зија Асани кој заедно со неговата 41-годишна девојка биле инволвирани во криминални активности со дрога.
Полицијата го следела Асани неколку месеци, а за време на примената на посебните итражни мерки, открила два случаи каде Асани дилал кокаин и хероин.
Асани и е добро познат на полицијата од претходно. Освен што се занимава со дрога тој е пријавен и за кражби, нелегална трговија со оружје и нанесување тешки телесни повреди. Тој треба да биде изведен пред истражен судија со кривична пријава за недозволена трговија со наркотици.
Неговиот брат бил осомничен за убиството на тројцата полицајци во Арачиново Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во 2000 година. Според обвинението, шестемина во доцните часови од заседа ги застрелаа полицајците Петрушевски, Ангеловски и инспекторот Готак, кои на влезот од селото учествувале во акција за пронаоѓање украдени луксузни автомобили.
Тројцата полицајци беа изрешетани од автоматско оружје, а под сè уште мистериозни околности. Четвртиот полицаец, инспекторот Горан Новковски, инаку клучниот сведок, односно оштетен во случајот – остана жив.
Асани треба да биде изведен пред истражен судија со кривична пријава за недозволена трговија со наркотици./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

