Црна хроника
Шеснаесетгодишник осомничен за обид за убиство на врсник
Шеснаесетгодишен жител на скопското село Арачиново е осомничен дека со нож го нападнал и се обидел да убие 17-годишнико во центарот на Скопје.
По расчистување на настанот кој се одигра на 3-ти октомври околу 18.45 часот на автобуската постојка на булеварот „Крсте Мисирков“ пред стоковната куќа „26-ти Јули“, во централниот подрачје на Скопје, скопската полиција против 16-годшиникот идентификуван со иницијалите Б.Ј., поднесе кривична пријава за дело „убиство во обид“, поради тоа што имајќи намера да го убие 17-годишниот К.Б.
Пред инцидентот, избоденото момче на спомената постојка со уште тројца свои врсници се симнале од автобусот бр.9, а кон нив веднаш пришла група момчиња на возраст од 16 до 17 години во која бил и сега осомничениот, по што тие веднаш се дале во бегство. Меѓутоа, осомничениот успеал да го стигне К.Б и да му зададе пет убодни рани со нож во грбот. Сепак, нападнатиот успеал да избега кон автобуската станица пред Универзитетот „св. Кирил и Методиј“, двестотини метри од местото на инцидентот, по што откако почувствувал силно болки во грбот придружуван од еден од пријателите со такси возило се упатил во Ургентниот центар при Клинички центар Скопје каде што е примен и е задржан за натамошно лекување.
Осомничениот веднаш по нападот со неговата група пријатели побегнал кон пазарот од спротивната стреана на булеварот.
Лекарите од КАРИЛ при Клиничкиот центар констатирале дека повредениот се здобил се сериозни работи, и тоа убодна рана во пределот на десниот граден кош странично со пробив на белодробното крило, убодна рана во пределот на десната надлактицата, убодна рана во пределот на вратот меѓу двете лопатки, и две убодни рани во левата лопатка во пределот на грбот, кои се карактеризираше како „тешки телесни повреди “. Нападнатото момче не е во животна опасност, но е задржано на КАРИЛ за натамошно лекување.
По разговорите со момчињата од групата во којашто бил нападнатиот и по препознавањето на фотографиите од страна на една од нивните пријателки, во петокот, 12-ти октомври, во полициската станица Кисела Вода бил приведен осомничениот Б.Ј., кои инаку до претходно е регистриран во криминалистичката евиденција за две кривични дела „насилство“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.