Црна хроника
Крадел од почината скопјанка
Засега неидентификуван крадец од стан на почината жена во центарот на Скопје украл предмети во вредност од 600 илјади денари.
Кражбата била пријавена во петокот напладне во полициската станица Центар, од блиска на починатата во чија сопственост бил станот.
Било констатирано дека непознатиот крадец одзел три кутии со разни садови од кристал, вазни и други предмети, четири чешми, правосмукалка, хауба за сушење коса што севкупно се проценува на вредност од околу 10 илјади евра, што се квалификува како кривично дело „тешка кражба“.
Кражбата била извршена, како што утврдила полициската екипа за увид, така што непознатиот се префрлил на балконот на првиот кат и насилно ја отворил вратата, потоа влегол внатре и вршел пребарување низ станот и ги спакувал предметите во кутии.
Потоа раскомотениот крадец се симнал во подрумот, го затворил вентилот за вода и ги демонтирал сите чешми во станот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

