Црна хроника
Скопјани и Србин сексуално експлоатирале босанска државјанка
Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против две лица од Скопје и еден српски државјанин.
Станува збор за 45-годишниот А.М. и 46-годишниот И.С. од Скопје и српскиот 23-годишен државјанин С.А, коишто се омничат дека сториле кривично дело „трговија со луѓе“.
Тројцата се сомничат дека прифатиле, сместиле и со закана и присила посредувале при вршење на сексуална експлоатација над една босанска државјанка. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.
Имено, спрскиот државјанин С.А. во текот на минатиот месец во соседна Србија се запознал со 23-годишната В.С. од Босна и Херцеговина каде што таа времено престојувала и со измама за склучување брак ја врбувал и ја донел во заблуда по што заедно илегално влегле во Република Македонија.
Оштетената била сместена во куќата на А.М. кој и’ ги одзел личните документи и мобилниот телефон, а потоа заедно со С.А. со принуда, ќотек и сериозни закани по нејзиниот живот сексуална ја експлоатиалеа.
Така, девојката била принудувана да дава сексуални услуги на клиенти за сума од 500 до 1.000 денари, кои морала да му ги предава на С.А., а при пронаоѓање на клиенти посредувал и пријавениот И.С.
На 3-ти октомври годинава девојката успеала да избега од куќата на А.М. и случајот го пријавила во полициската станица Бит пазар./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

