Црна хроника
На Бошкоски му се заканува доживотен затвор за Тушевски?
На поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на политичката партија Обединети за Македонија му се заканува казна затвор од минимум десет години до доживотен затвор ако судот го прогласи за виновен за убиството на Марјан Тушевски и Кире Јанев.
Според обвинението тој не е меѓу првообвинетите и се товари за помагање на кривичното дело убиство, но според законот, како што брифираат од Основниот суд Скопје 1 за Макфакс, помагателите ќе се казнат исто како сторителите или поблаго.
Првообвинети во ова дело или за сторители на убиството се товарат тројца српски државјани кои се во бегство. Останатите 12 обвинети во овој случај се товарат за помагање на делото убиство.
Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година. кога излегувале од кафулето „ЗУ“ во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега.Мотивот за убиството сé уште не се открива, но неофицијално една од причината за убиството биле нерасчистени сметки и пари.
Како што пишуваа тогаш медиумите, Тушевски имал многу непријатели, бидејќи се занимавал со изнуда на пари, односно вршел рекет на речиси сите дуќани во трговскиот центар Беверли Хилс и повеќе приватни претпријатија од Скопје.
Полицијата ова убиство го поврзуваше и со инцидентот што наводно се случил претходно, кога шурата на министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, бил претепан од неколку лица, а потоа со автомобил бил одвезен на Водно, каде што насилниците го оставиле и си заминале.
Според најавите, против Бошкоски ќе сведочи заштитен сведок, откако судот ја одби жалбата на адвокатите кои бараа да се отфрли заштитениот сведок.
Бошкоски сега е во затвор за нелегално финансирање на изборна кампања и злоупотреба на службената положба.крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

