Црна хроника
Направиле судар со таксист, сакале да го убијат
Кривична пријава за обид за убиство заработи 18-годишниот скопјанец Б.В., а неговите познаници Е.А. (19) и К.Л. (20) за насилство откако физички се пресметале со таксист по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил на 17-ти октомври. Тројцата пријавени околу 00:10 часот, возејќи се во возило „Даеву Тико“ на улицата „Методи Митевски“ се судриле со такси возило „Ровер“, управувано од 27 годишниот Ј.М.
По сударот, тројцата пријавени излегле од тикото и го нападнале таксистот, удирајќи го со тупаници и влечејќи го по земја. Во еден момент нападнатиот успеал да побегне во блиската сендвичара „Принц“, каде побарал помош од четворицата вработени кои во моментот биле во објектот. Пред седвичарата пристигнале тројцата напаѓачи, кои и покрај спротивставувањето на вработените, успеале да влезат во објектот. Во еден момент Б.В. извадил нож и му нанел неколку убодни рани на таксистот во пределот на рацете и грбот.
По ова, тројцата напаѓачи побегнале со возилото. Инцидентот е забележан од повеќе сведоци, кои го забележале и бројот на регистарската табличка на тикото.
Со приватно возило повредениот таксист бил пренесел во Градската општа болница.
Увид на местото на инцидентот извршија надлежните органи, каде се собрани материјални докази и е разговарано со повеќе сведоци.
Истиот ден тројцата напаѓачи се приведени, а тикото е одземено. Таксистот преку фотографии ги идентификувал напаѓачите.
Инаку, тројцата приведени досега не се регистрирани во крим-евиденцијата на скопската полиција. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.