Црна хроника
Македонци криумчареле Пакистанци
Двајца македонски државјани затекнати се на граница како криумчарат имигранти. Едниот е фатен, а другиот и побегнал на полицијата.
Како што соопшти полицијата, во понеделник во 7.30 часот, полицијата кај Белановце 42-годишен маж со иницијали М.М., од Скопје, кој е осомничен дека го извршил кривичното дело „ криумчарење мигранти“.
Имено, на локалниот пат Куманово – село .Ваксинце, граничната полициска патрола, во близина на железничката пруга на излез од селото Речица, забележала две возила – „опел омега“ со охридски регистерски ознаки и „сеат толедо“ со скопски регистерски ознаки кои застанале да истоварат патници.
Кога полициските службеници се доближиле до возилата за да извршат легитимирање, возачите од возилата избегале оставајќи ги возилата и патниците.
Полициските службеници го привеле само М.М., а другото лице избегало.
При легитимирање на патниците утврдено е дека се работи за 14 лица мигранти од Пакистан од кои тројца побегнале, а 11 се сместени во прифатниот центар Скопје. Приведениот е предаден во Основниот суд Скопје./крај/бб/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.
Црна хроника
МВР одзеде возило управувано од 16-годишник во Струга
Вчера при контрола во патниот сообраќај, полицијата сопрела патнички автомобил „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16-годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило.
По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен разговор и возилото го одзедоа.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

