Црна хроника
Четири лица уапсени во одделни случаи на граничните премини
Македонските гранични органи во саботата имале полни раце работа, при што привеле четири лица, во исто толку одделни случаи.
Во три случаи уапсени се македонски државјани во обид да ја напуштат земјата, а за кои претходно била издадена наредба да се лишат од слобода, додека во четвртиот случај е приведен косовски државјани при излез во државата, кој имал фалсификувани документи.Како што соопшти МВР, на скопскиот аеродром со воздухопловот на авиокомпанијата „АИР Берлин“, се пријавило да патува лицето М.Р.(1990) од с.Шипковица-Тетово. Од страна на УПС при проверка во ОЕ утврдено е дека истото се евидентира со мерка „апси“ по барање на СВР-Скопје од 21.10.2012 година. Лицето е предадено за понатамошна постапка.На ГП„Богородица“ за излез од Македонија, од страна на УПС лишен е од слобода Д.Р.(1974) од Скопје, затоа што при проверка во ОЕ истиот евидира со мерка „лиши од слобода“, врз основа на наредба од 25.09.2012 година од Основен суд Скопје 1. Истиот е спроведен до КПУ„Затвор“-Скопје.На ГП„Делчево“ на излез од државата, од страна на УПС лишен е од слобода Т.В.(1968) од Скопје, затоа што при проверка во ОЕ истиот евидира со мерка „Лиши од слобода и спроведе до КПУ затвор-Скопје“, а се бара по наредба од 25.09.2012 година од Основен суд Скопје 1. Истиот е предаден за спроведување до КПУ затвор-Скопје.На ГП„Богородица“ за излез од Македонија со автобус сопственост на АТ„Македонија Сообраќај“, кој сообраќа редовна линија Скопје-Солун, се пријавил косовскиот државјанин Х.М.(1978). Од страна на УПС при пасошка контрола утврдено е дека швајцарската дозвола за престој е фалсификувана, по што на Х.М. не му е дозволен излез од Р.Македонија. Истиот е приведе и, му е одредена мерка „Притвор“ во траење од 30 дена. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

