Црна хроника
Радиоактивна нарколабораторија откриена во Москва
Одделот на московската полиција за борба против трговијата со наркотици, со помош на руското федерално безбедносно биро ФСБ уништиле тајна лабораторија во руската престолнина, каде што билe чувани контејнери со контаминирана почва и плутониум, соопштeno e во четвртокот
Според оперативните информации на Федералната служба за контрола на трговијата со наркотици (ФКСН), криминалците коишто ја организирале оваа лабораторија, може да се вклучени во некои терористички групи.
„Ликвидирана е тајна лабораторија за производство на амфетамин. За време на претресот од страна на припадниците на специјалните единици, пронајдени се мали контејнери, веројатно со земја од Чернобил, покажаа мерењата извршени со дозиметар. Исто така, пронајден е и плутониум. Во автомобилот на еден од притворените откриени се четири извори на јонизирачко зрачење“, се вели во соопштението на полицијата на руската престолнина Москва, што го цитира РИА Новости.
Операцијата била изведена пред две седмици, меѓутоа властите се одлучиле дури сега за тоа да ја информираат јавноста.
Во операцијата, исто така, биле вклучени вработените во компанијата „Радон“, специјализирана за управување со радиоактивен отпад. Детали за операцијата московската полиција најави за следната седмица./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.