Црна хроника
Старец нападнат и ограбен во Арачиново
Неколкумина помлади лица во четвртокот вечерта околу 22.45 часот нападнале и ограбиле старец во неговата куќа во Арачиново, на улица 4, соопшти МВР.
Разбојниците насилно влегле во куќата, го нападнале осумдесет и шестгодишниот старец и украле 12.000 денари.
Крадците избегале, а старецот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде му била констатирана повреда на левата рака.
Полицијата трага по разбојниците и работи на расчистување на случајот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: Пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз – Тито“
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи сообраќајна несреќа.
Според информацијата од МВР, пријавена е незгода меѓу патничко возило марка ‘хјундаи‘ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.М., и пешак О.Д. (51) од Скопје.
„Пешакот О.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар за укажување на помош“, соопшти МВР.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Принтскрин
Црна хроника
Скопјанец повикан на службен разговор по пријава дека ја нападнал партнерката
Полициски службеници од Кисела Вода утрово извршиле службен разговор со М.Х. (22) од Скопје. Разговорот следел по пријава поднесена од неговата 22-годишна партнерка.
Според пријавата, на 17 ноември 2025 година околу 18:30 часот, во домот каде што престојувала на подрачјето на Бит Пазар, таа била физички нападната од пријавениот.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Осуденик нападнат во Идризово oд тројца затвореници
Осуденик во Идризово бил физички нападнат од тројца други затвореници, а во нападот бил употребен и тврд предмет.
Случајот го пријавиле од затворот.
Според пријавата, инцидентот се случил вчера, а нападнат бил И.И. (61) од селото Челопек, тетовско.
Полицијата известува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

