Црна хроника
Малолетник извршил 102 кражби во Аеродром, некогаш крадел заедно со родителите
Полицијата уапси малолетник, штитеник од заводот „Ранка Милановиќ“ кој за неполн месец извршил девет кражби и украл околу 80.000 денари.
И покрај тоа што пред 15 дена истражен судија одлучил на малолетен штитеник од заводот „Ранка Милановиќ“ да се поправи и му го прекинал веќе одредениот притвор, сепак по четири дена тој извршил две кривични дела.
Малолетникот, кој е регистриран уживател на дроги, потекнува од родители кои исто така се познати крадци. Од 2008 до 2012 година, против малолетникот се поднесени десет кривични пријави за вкупно 102 кражби.
Малолетникот не ретко крадел и заедно со своите родители,а во мај годинава заедно грабнале малолетник.
Сите кражби се извршени во скопската населба Аеродром, каде малолетникот скита, питачи и ужива лепак, за што многу пати е приведуван во полициска станица .
Во пет случаи малолетникот бил фатен на дело или пак непосредно по кривично дело.Во разговорите со полицијата тој ги опишува и признава делата, но вели дека кради е да се прехрани и признава дека е уживател на дроги./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

