Црна хроника
Запленета марихуана на ГП „Блаце“
Македонските цариници на граничниот премин Блаце во понеделник попладне спречиле обид за нелегално внесување на 5.4 кг марихуана, информираат од Царината.
Дрогата била откриена во такси возило „пасат“, управувано од македонски државјанин. Во возилото патувале двајца македонски државјани со иницијали И.Е. и Е.М, претходно познати на органите за прогон како извршители на кривични дела поврзани со дрога, оружје, насилство, фалсификување исправи, учество во толпа.
Возилото е привремено задржанo на царинскиот терминал Блаце, додека лицата со стоката се предадени на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа.
Од првичните сознанија добиени при распит на двајцата осомничени, стоката на Косово била пренесена од Албанија, а оттаму преку граничниот премин Блаце требала да се транспортира во Македонија.
Според исказите, на критичниот ден, некаде околу 15:00 часот, пријавените по претходен договор со такси возило тргнале од Скопје кон граничниот премин Блаце. Пред самиот премин се симнале од такси возилото и пешки ја поминале македонско-косовската граница. Откако ја поминале и косовската граница се качиле во друго такси возило кое ги однело до паркинг просторот на самиот влез во Урошевац. Таму се сретнале со лице – косовски државјанин од кого ја превзеле „робата“, со намера истата да ја пренесат и предадат во Скопје. На самиот паркинг, пронашле такси возило и се упатиле кон Блаце за да влезат во Македонија.
Марихуаната требале да ја предадат на лице во Скопје, а за услугата пријавените требале да добијат соодветна парична награда.
Вредноста на дрогата, доколку би се продавала на големо се проценува на околу 16.000 евра, но во малопродажба цената би достигнала и до 60.000 евра. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

