Црна хроника
Тешко повреден моторџија во Охрид
Едно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што во понеделникот попладне се случи во Охрид, на пресекот помеѓу ул. „7-ми Ноември“ и „Егејска“ во близина на фабриката „Братство, јави порталот „Охридњуз“.
Како што информираат од СВР Охрид, до незгодата дошло кога моторцикл марка „Априлја“ кој се движел на улицата „7-ми Ноември“ во правец на центарот се судрил со товарно возило марка „Татра“ кое од улицата „Егејска“ се приклучувало на „7-ми Ноември“Притоа со тешки телесни повреди во пределот на главата и градниот кош се здобил возачот на моторциклот (22). Тој итно бил пренесен во охридската општа болница, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен на лекување во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо.На местото на несреќата извршен е увид од страна на полицијата и истражен судија, а истрагата треба да ги утврди причините поради кои дошло до тешката сообраќајна несреќа. /крај/оњ/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

