Црна хроника
Непоправлив измамник „продавал“ дуќани и гаражи
На 48-годишник од Скопје му е одредена 30 дневен притвор мерка. Станува збор за познат сторител на кривични дела од ист вид кому повеќепати досега му се изрекувани затворски казни, најмногу за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“, потоа за „лажно претставување“ и други кривични
Единицата за компјутерски криминал при ЦСОСК до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против скопјанецот со иницијали И.Н., поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „измама“, „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Имено, до ЦСОСК биле доставени пријави од две оштетени лица за извршени кривични дела измама, фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци од страна на сега пријавениот по што биле преземени мерки и активности за расчистување на случаите.
При тоа, било утврдено дека приведениот за на нелегален начин да дојде до пари во период од април до октомври годинава, во својство на надзорник во фирма којашто изведува градежни работи на станбено деловен објект којшто бил на иста локација со домот на родителите на едното од оштетените лица, искористувајќи ја стекнатата доверба поради секојдневните контакти, ги довел во заблуда за купување деловен простор од 15 квадратни метри и гаражен простор од 16м2 во истиот објект за вкупна цена од 18 илјади евра со лажно прикажување факти, односно со фалсификуван преддоговор за купопродажба на деловен и паркинг простор, по што оштетеното лице му исплатило 15 илјади евра во готово. Со тоа пријавениот сторил кривични дела „измама“ по член 247 ст.3 и „фалсификување исправа“ по член 378 ст.3 од Кривичен законик на Република Македонија.
Исто така, во истиот временски периодот спротивно на условите утврдени со закон, пријавениот злоупотребил лични податоци на друго физичко лице, така што креирал адреса на електронска пошта од каде што испраќал пораки на близок роднина на лицето што го измамил во претходниот случај, мамејќи дека ќе го вработи, со што сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ по чл.149 ст.1 од КЗ на РМ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.