Црна хроника
Охридска компанија осомничена за царинска измама
Кривична пријава против една компанија од Охрид и нејзиното одговорно лице, македонски државјанин, до Основното Јавно Обвинителство во Струга, поднесе во понеделникот Царинската управа.
Пријавата е поднесена поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело царинска измама со поднесување на лажен доказ за потекло на стоката.Осомничените, во 2011 година увозно оцариниле глазирани плочки, при што како доказ за потекло на стоката, приложиле уверение за движење заверено од царинските органи на Турција. Согласно договорот за слободна трговија помеѓу Македонија и Турција, а врз основа на приложениот доказ за потекло, на увозникот му е одобрено увозно царинење со 0% царинска стапка. Поради сомненија за веродостојноста на документот, Царинската управа го испрати на проверка приложеното уверение за движење кај царинската служба на Турција, од каде е добиен одговор дека доказот за потекло не е одобрен од тамошната царинска служба, односно не е веродостоен. Врз основа на добиениот одговор од царинската служба на Турција, Царинската управа утврди дека стоката увезена од осомничените не ги исполнува условите за преференцијален царински третман и изврши дополнителна пресметка за наплата на царинскиот долг во износ од 125 илјади денари. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

