Црна хроника
Американско семејство се удавило во обид да го спаси домашниот миленик
Членовите на едно американско семејство смртно настрадале обидувајќи да го спасат своето домашно милениче од давење во океанот, соопштија локалните власти на градот Еурека, во северна Калифорнија.
Брановите високи три метра во саботата „го одвлекле“ кучето кое скокнало во водата по палката што му ја фрлиле неговите сопственици на плажата Биг Лагун, северно од градот Еурека, изјави Дејна Џонс, претставник на округот, пренесува АБЦ њуз.
Таа појасни дека 16 годишно момче скокнало во водата да го спаси кучето, а кога неговите родители сватиле дека синот им е во опасност, скокнале и тие, но обајцата биле повлечени од високите бранови. Нивните мртви тела морето набргу ги исфрлило на брегот.
Во меѓувреме е ангажирана и крајбрежната стража, која во потрага по момчето испратила два чамца и хеликоптер. Момчето се смета за исчезнато, а кучето успеало без ничија помош да излезе на брегот. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.