Црна хроника
Србинот го пренесувал хероинот со тригодишната ќерка и сопругата за да не биде сомнителен

Српскиот државјанин, кој се обиде да прошверцува 10 килограми хероин, дрогата ја пренесувал заедно неговата сопруга, тригодишна ќерка и неговиот татко за полицијата да не се посомнева дека пренесува дрога, соопштуваат од МВР.
Тој сакал да ја прошверцува дрогата скриена во неговиот автомобил „Мерцедес А 104“ од Турција, преку Грција и Македонија, до Србија.
Полицијата имала претходни оперативни сознанија за можен транспорт на хероин, па околу 18 часот при влез во Македонија на граничниот премин „Богородица“, го запрела „мерцедесот“.
Царинската управа направила детален преглед и во отвор кој се наоѓал под совозачкото седиште се пронајдени 20 пакувања облепени со широка селотејп лента исполнети со вкупно 10 килограми хероин.
Дрогата била набавена од засега непознати лица од Турција. Вештачењето на дрогата покажало дека се работи за вискоквалитетен хероин кој достигнува цена од еден милион евра.
Оваа година, полицијата досега заплени околу 700 килограми различни видови дрога и 13.000 таблети./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.