Црна хроника
Претепани двајца малолетници во автобус на ЈСП

Поголем број непознати малолетни лица кои говореле албански јазик физички ги нападнале скопјаните Ј.М. и И.С., двајцата родени 1996 година додека се превезувале во автобусот број 50 на ЈСП од Автокоманда кон Центар.
Двајцата малолетници без повод и причина биле удирани со клоци и тупаници во пределот на главата и телото, при што се здобиле со видливи повреди, црвенила и отоци.
Нападот се случил во петокот околу 13:00 часот, додека автобусот поминувал на Бит Пазар. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Четирицикл се преврте во Лазарополе – Италијанец тешко повреден

Во атарот на село Лазарополе, на шумска необележана патека, италијански државјанин Л.М. (56) изгуби контрола над својот четирицикл и се преврте.
Во несреќата, тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му беше укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од полицијата.